Сознанијата за аферата „Пандора“ откриваат „големи светски играчи“ – меѓу нив и познати светски лидери и милијардери
Повеќе од десетина шефови на држави и влади, милијардери, но и светски музички ѕвезди, криеле милиони средства тајни офшор сметки во даночните раеви, се наведува во истрагата објавена денеска од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Истрагата за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост“ и „Гардијан“, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.
Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.
Бројни звучни имиња
Меѓу „големите риби“ чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андрехј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан, индиската суперѕвезда на крикетот, Сачин Тендулкар, колумбиската поп-пејачка Шакира, германската супермоделка, Клаудија Шифер, но на листата ги има и министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.
Банкарските сметки на офшор локациите често пати се користеле за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на даночните обврски.
Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.


