Создаваме ли квалификувана работна сила и како е да си самохран родител? Утре во „Слободен печат“

Фото: Слободен печат

Работници секаде недостасуваат, но најважно е преку дуално образование и на факултетите, да се насочува и да се добива соодветен високообразован кадар- вели Штефан Клингелхофер, универзитетски професор од Германија кој предава на овдешниот Хајделберг факултет во утринската емисија „Слободен печат“. Тој вели дека тоа е пракса од Германија, што почна да се претставува и спроведува и во Македонија.

Македонија беше дел од Меѓународната конференција за самохрани родители во Будимпешта. Ова е за првпат нашата држава да се претстави на меѓународно ниво на тема којашто низ годините наназад, не била актуелна во политичките процеси и политики кај нас, но и во Европската Унија. Македонија, како прва и единствена држава од Западниот Балкан, но и пошироко делува на оваа тема. Говорник на конференцијата во Унгарија беше Станиша Станковиќ, кој е дете на самохран родител и член на организацијата Млади од семејна разновидност. Станковиќ ќе го вклучиме во нашата програма од во Белград.

Со новата песна насловена „Гуш и Бац“, се реализира уште една кампања за подигнување на свеста за различностите, нивното прифаќање, почитување и инклузија на лицата со атипичен развој. Пејачката Наташа Крстевска – Мијата, активистот Денис Јанкуловски – Космонаутко и славејчињата ја изведоа оваа песна промотивно на фестивалот „Златно славејче“. За деталите зборуваме со нашиот гостин Космонаутко.

Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот