Совршен сезонски десерт: Рецепт за мус од костени и чоколадо
Барате совршен сезонски десерт кој се подготвува за миг, а изгледа и има вкус како да сте го правеле со часови?
Препорачано
Овој мус од костени и чоколадо е токму тоа – богат, со топли ароми на костен и рум и неодолива база од чоколадо. Со малку шлаг и декоративен додаток ќе изгледа како од најубавите гастро списанија, пишува „Пун куфер“.
Потребни состојки:
- 285 милилитри слатка павлака, изматена
- 145 милилитри слатка павлака, изматена (за декорација)
- 200 грама темно чоколадо, растопено
- 250 грама пире од костени
- 2 лажици темен рум
- Варени или кандирани костени, или парчиња чоколадо – за украс
Подготовка:
Изматете ја павлаката во шлаг. Во друг сад растопете го чоколадото и измешајте го со пирето од костени. Додадете го румот и промешајте. Соединете ја смесата со шлагот и мешајте нежно додека не се спои.
Со лажица распоредете го мусот во шест чаши. Изматете ја преостанатата павлака и додајте по малку на врвот на секоја чаша. Ставете ги чашите во фрижидер да се оладат најмалку половина час. Украсете по желба и послужете.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


