Советот ѝ остави на Владата да одлучи кој од четворицата кандидати ќе биде републички обвинител – дадоа позитивно мислење за сите освен за Панчевски
Фросина Факова Серафиновиќ
Пред
Четворица кандидати за републички јавен обвинител в.д. обвинителката Анита Тополова Исајловска, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот на јавни онбинители.
Советот ќе ги достави образложените мислења до Владата, а таа треба да избере еден од четворицата кандидати. Со ова Советот на јавни обвинители како стручно тело кое ја следи работата на обвинителите, не избра еден кандидат според нивната стручност, туку сега Владата може да избере кој сака од овие четворица кандидати.
Она што беше интересно на седницата е тоа што Раичевиќ која се кандидираше за републички во 2023, тогаш доби негативно мислење, сега доби позитивно мислење. Единствено членката Кети Петкова гласаше негативно за нејзе како и минатиот пат. Мислењето го смени членката на Советот Јелена Стојковиќ која кажа дека тогаш не била понесена од аргументите на мнозинството туку дека обвинителот Љупчо Коцевски бил најсоодветен кандидат, а сега дека сите заслужуваат иста шанса.
-Бев дел од Советот кој избираше државен јавен обвинител во 2023 година и сите членови гласавме за негативно мислење.
Советот на јавните обвинители ги разгледува кандидатурите на пријавените за нов државен јавен обвинител/ Фото: Сл.Печат/Драган Митрески
Не бев понесена од аргументите на другите членови. Во тој момент сметав дека Коцевски е најдобар кандидат – рече Стојковиќ.
Едно негативно за Раичевиќ
Петкова пак остана конзистентна на мислењето што го дала тогаш и единствено таа за Раичевиќ имаше негативно мислење.
Во однос на забелешката дека кандидатката Раичевиќ во претходниот избор од истиот Совет добила негативно мислење, претседателот Башким Бесими посочи дека тоа е одлука на поранешниот состав.
– Тоа била нивна одлука. Сега имаме нови членови и ново разгледување. Не е пресудно дали некој бил на раководно место. Некој можеби никогаш нема да биде ничиј шеф, па сепак може да биде републички јавен обвинител – изјави тој.
Уште на почетокот на седница едногласната дисквалификација на Панчевски, се навестуваше дека членовите се речиси на иста линија, а со обраќањето на неколку членови дека ќе дадат позитивно мислење за сите кандидати, веќе беше јасен исходот од седницата.
Советот на јавните обвинители ги разгледува кандидатурите на пријавените за нов државен јавен обвинител/ Фото: Сл.Печат/Драган Митрески
– Одговорноста е на владата – беа едногласни членовите. Се оправдаа дека на секој треба да му се даде шанса што ги исполнува условите и дека треба да има некоја голема етичка дамка за да биде дадено негативно мислење, а аргумент плус им беше тоа што изборот е по стариот Закон за совет на јавни обвинители.
– Советот согласно законот ја има една од важните задачи за избор на јавен обвинител од причини што негативното мислење за било кој од кандидатите што се пријавија значи негова елиминација, односно да не му се даде шанса да оди пред влада која дава предлог до Собранието од еден од кандидатите со позитивно мислење. Токму една од надлежностите на Советот и прва од надлежностите е давање на мислење за кандидатите за јавен обвинител. Новото законско решение на предлог законот предвидува биографија, програма, јавна расправа и дебата и интервјуа, но ја немавме таа можност по тој закон бидејќи не се донесе до 31 јануари. Ние имавме можност да се запознаеме со кандидатите според нивните биографии – рече Кети Петкова.
Бесими, пред медиумите кажа дека членовите постапиле исклучиво врз основа на законските критериуми.
– Ние, во согласност со законот ги разгледавме сите пријавени кандидати и ценевме дека ги исполнат условите во согласност со законот и затоа дадовме позитивно мислење. Сите кандидати се јавни обвинители, а еден е судија со успешно работење и во Јавното обвинителство и во судовите. И не можевме како членови да ги делиме зашто сите имаат по 25 или 15 години стаж како обвинители и затоа дадовме позитивно мислење – рече Бесими.
Пофалби за сите
Од овие четворица кандидати програма за работа доставиле само Ристоска и Раичевиќ, иако законски немаат таква обврска. Прва на списокот за давање мислење беше в.д. обвинителката Тополова за која прва пофални зборови имаше членката Мирјана Илиеска, но и Ермон Незири, но сите рекоа дека ќе дадат позитивно мислење бидејќи така ја оцениле уште кога ја избрале за В.Д. обвинителка.
– Обвинителката има богато искуство, три последователни мандати била заменик обвинител. Има углед, морални квалитети, менаџерски способности – рече Илиеска, а Незири ја дополни дека цела кариера од 16 години ја поминала во Обвинителството, била стручен соработник, обвинител во основно обвинителство, па виш обвинител, а потоа во републичкото Обвинителство.
Тополова доби едногласно позитивно мислење, а по неа беше Раичевиќ за која пофалби кажа обвинителката Зорица Павловиќ која рече дека Раичевиќ била професионална и стручна со повеќе од 22 години стаж, но и дека работела на тешки кривични дела.
– За кандидатот Раичевиќ ќе дадам позитивно мислење бидејќи ги исполнува сите законски услови. Имено кандидатот има одлични резултати во своеот работење. Во однос на стручноста во однос на својата професионална кариера има работено тешки кривични предмети па така уште како стручен соработник вработена во ОЈО Скопје уште во 1997 година беше ангажирана во работењето на предметот за Аце Циганот за убиство кој имаше – рече Павловиќ.
Ги спомена случајот со убиството на Пино Секондо каде има исто осудителна пресуда и случајот со спортските ваучери којшто уште се суди. Беше истакнато дека била доктор на науки.
За Ристоска пак беше истакната нејзината програма којашто ја поднела „темелно, стручно изработена, а пофални зборови имаа Стојковиќ и Незири. Беше споменато дека е обвинител во „Еуроправда“ дека е автор на научни трудови, прираничници и награди, едукатор. И покрај нападите против Ристоска пред трката и таа и Савески добија десет гласа „за“.
И Савески доби позитивно мислење како единствен кандидат судија и беше истакнато дека можеби ќе ја гледа обвинителската работа од двете страни.
Со ова Советот како стручно тело избегна одговорност да избере најстручен кандидат и остави на владата да избира, но претседателот Башким Бесими вели дека нивна работа не е да преземаат одговорност, туку да работат по Закон.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …