Советот на Европа нема да ги набљудува локалните избори во Албанија - Слободен печат
ВестиРегион

Советот на Европа нема да ги набљудува локалните избори во Албанија

Се работи за мисија на набљудувачи, кои треба да го следат изборниот процес на 30 јуни, на кои албанската опозиција нема да учествува.

Локалните избори во Албанија нема да бидат следени од Советот на Европа, а набљудувачката мисија е откажана поради безбедносни закани и нејаснотии во врска со организирањето на изборите

Се работи за мисија на набљудувачи, кои треба да го следат изборниот процес на 30 јуни, на кои албанската опозиција нема да учествува, а шефот на албанската држава, Илир Мета, пред две недели донесе одлука за нивно одлагање, поради длабока политичка криза.

„Одлуката, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можни безбедносни ризици во одредени области“, стои во соопштението за медиумите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close