Фото: Love Josefsson / Google Maps

Советниците од ДУИ во Град Скопје одбија уверенија напишани само на македонски јазик

Првата седница на новоизбраниот Совет на Град Скопје, на која советниците требаше само да ги примат уверенијата за функциите, почна со тензии откако советниците од редовите на ДУИ одбија да ги примат документите поради тоа што биле напишани само на македонски јазик.

Тие се повикаа на Законот за употреба на јазиците, кој предвидува сите официјални документи во институциите да бидат издадени на двата службени јазици. Во меѓувреме, советниците од коалицијата „Вреди“ без забелешки ги примија овие документи.

По ова, за советниците од ДУИ за неколку часа беа подготвени нови, двојазични уверенија, кои тие се согласија да ги примат.

Коалицијата предводена од ДУИ и „Вреди“ имаат по шестмина советници во новиот состав на градскиот Совет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот