Фото: Принтскрин

Советничката за медиуми на Вучиќ измислувала вести за можна војна за да оди на одмор во Црна Гора

По нејзиното признание, се поставува прашањето што сè измислила и пласирала како лажни информации советничката за медиуми на Александар Вучиќ.

Советничката за медиуми на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ, јавно призна гостувајќи на провладината телевизија „Курир“ дека во минатото измислувала вести, објави „Нова“.

Васиљевиќ зборуваше на тема како да се спречи ширењето на дезинформации, и на изненадување на присутните, призна дека во 2000 година, кога работела како новинарка, со колегите измислила војна во Црна Гора – и тоа само за да бидат три месеци на Свети Стефан.

— Јас некогаш работев во медиумите. Ние измислувавме приказни за да… Измисливме војна во Црна Гора, односно можност дека Милошевиќ во 2000 година, пред неговите последни избори, ќе ја нападне Црна Гора, односно Мило Ѓукановиќ, зашто Мило му свртел грб, само за да бидеме три месеци на Свети Стефан — изјави таа.

Се поставува прашањето што сè, во овие 13 години владеење на Српската напредна партија, Васиљевиќ, како советничка за медиуми на првиот човек во државата, има измислено и пласирано како лажни информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот