Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е интервентна кардиологија и кога се употребува

Фото: Промо

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се исполнети сите услови за изведување сложени процедури од доменот на интервентната кардиологија.

Интервентната кардиологија е медицинска специјалност која се фокусира на дијагноза и третман на кардиоваскуларни болести користејќи минимално инвазивни техники. Интервентните кардиолози се лекари специјализирани во оваа област и се посветени на изведување на перкутани процедури (преку артериите и вените) со цел лекување различни срцеви заболувања.

Овие процедури обично се прават во посебна просторија за срцева катетеризација позната како ангио сала, каде што во реално време се користат рендген и други слики, кои служат за водење на кардиологот за време на постапката.

Болести што можат да се лекуваат со интервентна кардиологија и електрофизиологија

Некои од кардиоваскуларните болести и состојби што можат да се третираат преку интервентна кардиологија вклучуваат:

Коронарна ангиопластика – се спроведува за проширување на коронарните артерии блокирани од масни наслаги со вметнување катетер со протеза наречена стент, кој го обновува протокот на крв со одзатнување на стеснетиот дел.

Интервенции на срцевите залистоци – проблемите со срцевите залистоци може да се коригираат преку перкутани процедури, како што е имплантација на аортни залистоци преку катетери, избегнувајќи ја потребата од операција на отворено срце.

Затворање вродени дефекти – некои вродени срцеви маани може да се коригираат со помош на интервентни кардиолошки техники, како што е затворањето на атријални септални дефекти.

Третман на аортни аневризми – дел од аортните аневризми може да се третираат со поставување стентови во аортата за да се спречи руптура/пукање.

Третман на срцеви аритмии – аблација со катетер е техника што ја спроведува електрофизиолог – специјалист кардиолог, со цел да ги елиминира областите на срцето што предизвикуваат аритмии или атријална фибрилација.

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ се исполнети сите услови за изведување сложени процедури од доменот на интервентната кардиологија.

Клиниката „Жан Митрев“ располага со хибридна операциона сала со највисока технологија, која има интегрирани техники за снимање кои обезбедуваат непречена изведба на сите видови процедури, од минимално инвазивни до оние со максимална кардиоваскуларна сложеност.

Важно е да се запамети дека, иако интервентната кардиологија е многу ефикасна во лекувањето на разни болести, дијагнозата и планот за лекување мора секогаш да се препорачаат и да се спроведат од медицински тим специјализиран за кардиологија, кој ја проценува конкретната ситуација на секој пациент и ја одредува најдобрата опција за третман.

Во Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање високопрофесионален тим кардиолози, достапен за сите ваши проблеми со срцето, кој располага со најнапредната технологија за дијагностицирање и лекување на секој пациент со највисок квалитет и на персонализиран начин.

Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот