Состојбата во ОУ „Владо Тасевски“ алармантна: Покрај наставници, заразени се и десетина ученици

Во училиштето десет вработени лица се позитивни на вирусот, а позитивни се и околу десетина деца, со тоа што бројката се менува постојано како што стигнуваат позитивни тестови, велат од Општина Карпош за „Слободен печат“, во врска со бројот на заразени во основното училиште „Владо Тасевски“, кое поради состојбата со вирусот од вчера функционира само со онлајн настава.

– Има дел од децата кои имаат пројавено симптоми, меѓутоа одговорност на родителот е да спроведе тестирање на децата. Училиштето не може да ги примора сите деца задолжително да направат тест, туку тоа е обврска на родителот – додаваат од Карпош, нагласувајќи дека засега десетина деца се позитивни, но бројката може и да порасне. 

Од друга страна, „Слободен печат“ од свои извори дознава дека и во Основното училиште „Вера Циривири трена“ исто така имало заболени од ковид, но директорката на училиштето ја демантираше оваа информација, додека од Карпош велат оти состојбата во ниту едно училиште не е влошена како во „Владо Тасевски“.

-Во сите училишта во цела Македонија има заболени, но состојбата никаде не е алармантна како во „Владо Тасевски“ –  нагласија од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот