Сориано до УЕФА: Не се точни обвиненијата за Сити!

фото: твитер

Извршниот директор на клубот вели дека менаџерот Гвардиола и играчите го оставаат својот фокус целосно на фудбалот и дека сите се мирни.

За првпат од објавувањето на казната со која УЕФА го суспендираше Манчестер сити од европските натпреварувања на две сезони, се огласи и извршниот директор на клубот, Феран Сориано кој не се согласува со тврдењата на европската фудбалска куќа.

– Најважното нешто кое имам да го кажам денеска е дека она за што сме обвинети не е точно. Тоа едноставно не е точно – рече Сориано.

– Навивачите можат да бидат сигурни во две работи. Првата е дека сите овие обвинувања се неточни. Втората е дека ќе сториме сè што е во наша моќ да го докажеме тоа – додаде тој.

Манчестер Сити веднаш објави дека ќе поднесе жалба на одлуката на УЕФА до Судот за спортска арбитража.

– Знаеме дека навивачите нè поддржуваат. Ние го чувствуваме тоа. Љубителите на Манчестер сити имаа многу предизвици во последните десет години. Ова е само уште еден предизвик. Ние сме клуб кој заработува пари, кој нема долг. Нашите сметки се контролираат постојано, од ревизори и инвеститори и сè беше секогаш јасно. Бараме решение за овој тежок процес. Се надеваме дека ќе биде фер и се надеваме дека ќе биде завршен пред почетокот на летото. До тогаш, ќе ја завршиме нашата работа како и обично.

Сориано изјави дека менаџерот и играчите го оставаат својот фокус целосно на фудбалот и дека сите се мирни.

– Јасно е дека Пеп е информиран за сè што се случува, но овој процес не е нешто за што треба да се грижи. Тој е фокусиран на фудбалот, на наредните натпревари, како и играчите кои се мирни, концентрирани. Ваквиот процес е повеќе деловен и правен отколку фудбалски – заклучи извршниот директор на Манчестер Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот