Сопругот на Билјана Беличанец ја пронашол актерката обесена во неговиот стан

Сашо Миленковски, сопруг на актерката Билјана Беличанец Алексиќ, синоќа во 22.30 часот во  полициската станица Центар пријавил дека во неговиот стан на улица „Истарска“ ја пронашол почината неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот со бесење, соопшти МВР.

Итната медицинска помош констатирала смрт, Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Беличанец беше родена на 25 јули 1973 година. Од 1997 година таа беше вработена во Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец имаше и четиригодишна политичка кариера, како градоначалничка на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

Таа неодамна се омажи со режисерот Сашо Миленковски. Од првиот брак има две малолетни деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот