Сопругата на Силвестер Сталоне со апел до родителите: „Воспитувајте ги децата со здрав разум“
Сопругата на Силвестер Сталоне, Џенифер Флавин, смета дека постојат неколку причини зошто децата на познатите личности сè почесто се идентификуваат како трансродови.
Препорачано
„Мислам дека во Холивуд сè се врти околу начинот на изразување“, изјави Џенифер Флавин (57), сопруга на Силвестер Сталоне, во гостување во емисијата „The Katie Miller Podcast“.
„На пример, ако денес се чувствуваш како маче, тогаш си маче. И тоа е прифатено, сè е опуштено. Не мислам дека навистина разбираме дека овие деца не се наши продолжетоци. Тие се мали човечки битија на кои им е потребна структура. А структурата е навистина важна за нив, бидејќи ѝ помага на нивната мозочна функција да го организира светот околу нив“, додаде таа.
Според неа, богатството на познатите личности исто така игра улога, бидејќи доведува до недостаток на структура во животот на нивните деца.
„Едноставно има премногу од сè“, истакна таа. „Тоа станува навистина збунувачко за едно мало суштество.“
Поранешната манекенка зборуваше и за воспитувањето на нејзините три ќерки со Сталоне: Софија (29), Систин (27) и Скарлет (23).
„Во ред е што ќе одлучат да бидат кога ќе станат возрасни, но воспитувајте ги со здрав разум“, потенцираше таа.
„Мислам, моите ќерки се се однесуваа некогаш како момчиња, повеќе сакаа да носат панталони отколку фустани. И сакаа спорт. Но никогаш не им реков: ’О, сега си момче‘, туку само: ’Сакаш спорт, сакаш да се дружиш со момчиња, тоа е одлично‘“.
Флавин и Сталоне (79) се во брак од мај 1997 година, но не им одело секогаш лесно. Во август 2022 година, таа поднесе барање за развод од ѕвездата на филмот „Роки“, но се помирија по еден месец.


