Соочен со гневот на јавноста, Ердоган се извини што доцнела помошта по земјотресот

Фото: EPA/EFE

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска им се извини на жителите на провинцијата Адијаман на југоистокот на земјата, една од најтешко погодените од разорниот земјотрес на 6 февруари, поради доцнењето на државната помош во деновите по катастрофата.

– Поради разорниот ефект од потресот и лошото време, првите неколку дена во Адијаман не можевме да работиме како што сакавме. Се извинувам за тоа, рече Ердоган, чија власт деновиве се соочува со притисок во јавноста околу ова прашање.

Турските власти претходно ги казнуваа телевизиите кои го критикуваа владиното справување со последиците од земјотресот, а се обидуваа и на повеќе начини да го замолчат изразувањето незадоволство од реакцијата на властите на катастрофата.

Турскиот претседател денеска го посети тој дел од земјата, три недели по земјотресот во кој загинаа повеќе од 44.000 луѓе во Турција, а ја погоди и соседна Сирија, каде загинаа најмалку 5.000 луѓе.

Во последователните силни потреси во Турција и Сирија на почетокот на месецот загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Навивачите во Истанбул побараа оставка од турската Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот