СОНК ОДЛУЧИ: Штрајк на првиот училишен ден

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) одлучи утре, на 2 септември, да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност. Тоа, според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, значи дека членовите на синдикатот и оние кои ќе се солидаризираат кон штрајкот нема да прифаќаат ученици, нема да оддржуваат настава ниту ќе реализираат воспитно-образовни активности.

– Кадарот во училиштата ќе се појави на работа и ќе престојува во заедничка просторија, определена од директорот онолку време колку што е предвидено за активностите тој ден – изјави утрово Неделков.

Членови на СОНК, според него, се 90 проценти од наставниците во земјата или повеќе од 20.000 наставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот