Солскјер откри кога се враќа Погба

twitter.com/MirrorFootball

Пол Погба веќе еден месец е надвор од терените, последниота настап сезонава го имаше на „Олд Трафорд“ на 30 септември во ремито со Арсенал (1:1).

Францускиот репрезентативец досега има пет настапи, но сеуште не се запишал во листата на стрелците.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солксјер во разговор со англиските новинари откри нови детали околу повредата на Погба.

– Му треба уште време за опоравување. Не сме сигурни уште колку ќе паузира, но најверојатно нема да биде на терен до крајот на ноември – рече норвешкиот стратег на „црвените ѓаволи“.

Иако игра без еден од своите најдобри играчи, Јунајтед конечно им се врати на победничките патеки, во неделата триумфираше на гостувањето кај Норич со 1:3, со два утнати пенали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот