Софија Куновска / Фото: Канал 5

Софија Куновска: Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден за да победува СДСМ

Поранешната пратеничка и функционерка во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Софија Куновска, во објава на „Фејсбук“ упати нови критики и обвинувања на сметка на актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, откако вчера, на негово барање, оставка поднесоа сите членови на раководството на СДСМ, но не и самиот Филипче.

„Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за градоначалници и советници ја водеше сам, во консултација со Муртино? Дали сите политики, изборот на тим и фирма за кампања го обликуваше сам, пишуваше резолуции без согласност на органите на СДСМ и координација со пратеничката група, се нудеше за широка коалиција, што јавно, што скриено, постојано се туркаше во прегратките на Мицковски?“, прашува во објавата поранешната пратеничка на СДСМ.

Таа понатаму пишува:

„Исход, сите дома, тој останува. Ако уште ова помине кај „интелектуалците“ и членството во СДСМ, нека се подготват партијата да се задолжува и натаму додека не се „потроши“ и зградата, а во меѓувреме сите да бидат средство во функција на личните интереси на неколку криминални ликови, чии дела што им демнат со затворски казни над глава треба да застарат“.

„Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ. Но, едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие „туѓи бели дворови“ ќе ја плати не само СДСМ, туку и ВМРО—ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија“ вели Куновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот