Софија и Скопје се надеваат на компромис до 10. ноември

Софија и Скопје денеска изразија желба до 10. ноември со компромис да ги решат споровите со историјата и да ѝ се овозможи на Северна Македонија отворање на пристапните преговори со ЕУ, објави Бета.

„Треба да се покренат (билатерални) разговори на сите нивоа за да се постигне компромис пред 10. ноември“ кога во Софија ќе се одржи економскиот самитот ЕУ-Западен Балкан, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов по состанокот со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

Двата соседи спорат околу историски личности, писатели и поети, но главниот спор е околу јазикот, пренесува агенцијата Франс прес.

Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, смета дека јазикот на Северна Македонија е бугарски дијалект и го отфрла називот „македонски јазик“. Таа предлага формулација „официјален јазик на Северна Македонија“.

„Латентното непријателство наследено од минатото треба да се надмине“, рече Османи.

Мешовита комисија на историчари ќе се состанат идната недела во Скопје, година дена по прекинувањето на работата.

Во средата во Скопје европскиот комесар за проширување Оливер Вархељ ги повика Софија и Скопје да изнајдат решение. Вархељ изјави дека во интерес на Северна Македонија и Бугарија е да изнајдат решение за прашањата кои предизвикуваат недоразбирање.

„Не е невозможно. Не би драматизирал премногу, но сепак е тоа сериозно прашање. Без разјаснување на тие недоразбирања ќе биде многу тешко да се покрене работата напред. Ова е момент да се постигне договор“, рече Вархељ во средата на конференцијата за новинари со премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

Доколку се најде решение ќе биде „многу тешко да се оди напред“ кон отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија за време на германското претседавање кое завршува во 2020 година, предупреди тој.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи денеска престојуваше во работна посета на Бугарија, во текот на која се состана со премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесува Макфакс.

Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а од 2009 година чека да се отворат преговорите за членство.

(Извор: Бета)

Бујар Османи: Да не дозволиме заради рецидиви од минатото да си ја загрозиме иднината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот