Социјалистичката партија со обвинувања кон СДСМ – полни сте со црнила и клеветење

СДСМ конвенција Фото Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Социјалистичката партија на Македонија критикува дека предизборната кампања и реторика на власта била полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

„За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени. Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат. Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната волја“, се вели во соопштението на партијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот