Со закани одземени пари во два одделни случаи во Градски парк во Скопје

Фото: Град Скопје

Во два одделни случаи во Градскиот парк во Скопје со закана биле одземени пари.

Како што информира МВР, вчера во полиција малолетник од скопското село Стајковци пријавил дека во Градски парк три лица со закана му одзеле паричник и личен предмет.

Случајот бил пријавен вчера во 18.50 часот во Полициската станица Центар.

Во вториот случај, синоќа во Полициската станица Карпош, Р.Х.(41) од скопското село Рашче пријавил дека околу 20:00 часот во Градски парк едно лице со закана му одзело пари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот