Со владини средства ќе се гради патот до Луковица, ама не се знае дали ќе има пари за целата делница

Фото: Слободен печат

Општина Желино за која патот до село Луковица не и беше приоритет, се заблагодари на Владата што одвои 15 милиони денари за изградба на делницата до село Луковица во должина од околу 6 километри. Денеска Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари средба со градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу и разговараа за инфраструктурните проекти во општината.

„Разговаравме за локалните патишта што треба да се градат во Општина Желино и добивме од Министерството за транспорт и врски известување дека ни се префрлени средства од Владата за локалниот пат за село Луковица. Со овие средства ќе го реализираме првиот дел од локалниот пат. Со тие средства нема да го реализираме целиот проект, но сме благодарни за овие средства, оти со нив за првпат ќе се гради пат за Луковица, единствено село кое нема пат. Исто така сме подготвени да почнеме со изведба на петте локални патишта во општината, преку Министерството за транспорт и врски со пари од Светска банка, рече градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека не може со прецизност да каже колку од патот во должина од 6 километри ќе се асфалтира, оти цените на градежните материјали постојано осцилираат.

„Јас ја знам состојбата со општината и токму поради тоа Владата дава директна поддршка за реализација на проектите кои значат развој на целиот регион. Експресно реагиравме на решавање на прашањето на реализација на локалниот пат Луковица, веќе средствата се префрлени и општината во наредниот период ќе направи ревизија и ќе направи тендерска постапка. Јас не можам да кажам дали тие средства ќе бидат доволни. Ќе се направи ревизија на пресметката, дека цените на градежните материјали осцилираат, рече Бочварски.

И за останатиот дел од патот до Луковица, од Општина Желино посочија дека ќе бараат помош од Владата и ќе бидат во постојана комуникација.

По 30 години власта го „одврза ќесето“ ќе даде пари за изградба на пат до Луковица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот