Со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата, вели Георги Прванов

Фото: Скриншот, БНТ

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.

Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.

„Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ прогласија двајцата премиери на Бугарија и Северна Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски“, коментира Прванов.

Тој е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Северна Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции.

Прванов го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати”, чиј коавтор е самиот тој.

Публикацијата, според поранешниот бугарски претседател, „ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години“. Книгата ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот