Орхидеја - Фото: Drocpsu / Flickr

Со овие совети, орхидејата ќе ви цвета цела година

Орхидеите се меѓу најпопуларните домашни растенија поради своите долготрајни и шарени цветови. Иако не бараат многу грижа, правилната нега е клучна за растението да остане здраво и да цвета целата година.

Со неколку едноставни трикови, можете да се осигурите дека вашата орхидеја долго ќе го краси просторот со своите бои.

Заливање според потреба

Најлесен начин да забележите дали на орхидејата ѝ треба вода е преку промена на изгледот на листовите и корените. Листовите кои се безживотни, свенати или свиткани нагоре, како и набраниот корен во бело-сива боја, се знак за дехидрација.

Кога е време за заливање, потопете го коренот во вода, внимавајте водата да не допира до листовите или цветот. По околу 20 минути, извадете го растението и дозволете вишокот вода да се исцеди, а листовите нежно избришете ги со влажна крпа.

Позиција на растението во просторијата

Орхидеите сакаат светли простории, но не и директна сончева светлина која може да ги оштети листовите. Пронајдете место каде растението добива доволно светлина, но не е изложено на директни сончеви зраци.

Отстранување оштетени делови

Пред сечење, дезинфицирајте ги ножиците со алкохол. Отстранете суви корени, стари цветни стебла и оштетени листови. При сечењето, внимавајте да отсечете над местото каде се развиваат нови листови или цветни стебла, бидејќи тоа го спречува ширењето на можни инфекции. Воздушните корени над саксијата не смее да се сечат.

Оживување на растението со црн чај

Подгответе раствор од црн чај и филтрирана вода, оставете го пет минути да отстои, а по ладењето потопете го коренот на орхидејата во течноста цел ден. Навечер извадете го растението и оставете коренот да се исуши, а следното утро вратете го во саксијата со чај. Танинската киселина од чајот го стимулира растот на корените. Постапката повторувајте неколку дена додека коренот не стане зелен, а листовите цврсти.

Со овие едноставни чекори, вашата орхидеја може подолго да цвета и да остане здрава целата година, носејќи бои и свежина во вашиот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот