Со нож на балкон му го пресекол грлото: Туристи во шпанско летувалиште ја гледале морбидната сцена (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Со нож на балкон му го пресекол грлото: Туристи во шпанско летувалиште ја гледале морбидната сцена (ВИДЕО)

На балконот во еден хотел е снимен човек, кој имал превез околу очите и вратот.

Маж во познатото шпанско летувалиште Коста дел Сол му го пресекол грлото на друг човек на балконот во хотелот, а морбидната сцена ја набљудувале преплашените туристи, јавуваат шпанските медиуми.

На балконот во еден хотел е снимен човек, кој имал превез околу очите и вратот. На градите и на целото негово тело му течела крв, а покрај него стоел мажот, кој е осомничен дека сторил злосторство.

Осомничениот им се дерел на шокираните туристи кои ја следеле страшната сцена под балконот.

Туристите повикале полиција и пријавиле дека напаѓачот држи голем нож под грлото на непознат маж.

Еден полицаец веднаш дошол на местото на настанот со полна опрема и го уапсил човекот кој го извршил злосторството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close