Фото: torange.biz

СО КУПОВНА МОЌ ОД 1.830 ЕВРА ГОДИШНО ПО ЖИТЕЛ: Ова е најсиромашната земја во Европа

Аналитичката компанија „Growth from Knowledge“ (ГФК) направи рејтинг на европските земји според куповната моќ на населението. На листата од 42 земји, Украина се наоѓа на последното место, се наведува на веб-сајтот на оваа организација.

Според податоците на оваа компанија, првото место го зазема Лихтенштајн со куповна моќ по глава на жител од 67.550 евра, што е за 4,5 пати повеќе од просекот во Европа (14,739 евра). На второто и третото место се наоѓаат Швајцарија (40.000 евра) и Луксембург (35.000 евра).

– Шеснаесет од земјите кои се разгледани за време на истражувањето, имаат куповна моќ по глава на жител над просекот, додека 26 земји имаат показател под просекот на европските земји – стои во истражувањето.

На последните три места се наоѓаат Молдавија, Косово и Украина. Според податоците на компанијата, куповната моќ на Украинците изнесува 1.830 евра годишно по глава на жител.

Од компанијата објаснуваат дека под куповна моќ се смета приходот по даноците и добротворните прилози. Во таа сума се вклучуваат и сите парични средства кои се добиваат од државата, а кои жителите ги трошат на храна, домување, забава, услуги, купување и одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот