Фото: Град Скопје

Со инвестиција од 13 милиони денари ќе се подобрува водоснабдувањето во Железара

Со инвестиција од 13 милиони денари ќе се подобрува водоснабдување во Железара. Во изминатиот период на терен се изведуваат градежни активности за реконструкција и дислокација на постојната водоводна мрежа во потегот од резервоарот Гази Баба до приклучокот на улицата Тајмишка.

– Со реконструкцијата на водоводната мрежа во 3 фази се решава долгогодишен проблем во овој дел од градот и се обезбедува поквалитетно водоснабдување за жителите во населба Железара во општина Гази Баба. Реализацијата на овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари – истакна градоначалничката Арсовска.

На терен се реализираат градежните активности од прва фаза или крак 1 за реконструкција на постојната водоводна мрежа на потегот од резервоар Гази Баба до приклучокот на улицата Тајмишка. Со реализацијата на првата фаза ќе се создадат услови и за реконструкција и продолжување на цевководот Ф-200 по улица Душан Тасковиќ до приклучок на улица Коце Металец во населба Железара, со што ќе се формира циркулационен тек, што ќе овозможи подобро водоснабдување во овој дел од Скопје.

– Реконструкцијата и дислокацијата на водоводнта мрежа во Парк шумата Гази Баба е од големо значење за жителите на Гази Баба, кои со реализацијата на овој проект ќе добијат поквалитетно водоснабдување – истакна градоначалникот Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот