Со фондови од ЕУ Шпанија ќе инвестира во спас на својата економија

Се работи за државен инвестициски план, кој ќе ги мобилизира и приватните ресурси, соопшти Санчез.

Шпанската Влада разработува инвестициски план за 150 милијарди евра, кој ќе биде финансиран од фондови на ЕУ.

– Целта е да и помогнеме на економијата на земјата да закрепне по пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез.

Се работи за државен инвестициски план, кој ќе ги мобилизира и приватните ресурси, прецизира Санчез.

Откако ќе биде разработен, Шпанија ќе го претстави својот план за финансирање во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот