Со електричен велосипед дојде на тренингот на Лацио (ФОТО)

фото: твитер

Сергеј Милинковиќ-Савиќ го привлече вниманието на јавноста и италијанските медиуми поради начинот на кој стигна на тренингот.

Еден интересен избор од страна на српскиот интернационалец кој ги брани боите на римскиот клуб…

Сергеј Милинковиќ-Савиќ го привлече вниманието на јавноста и италијанските медиуми поради начинот на кој стигна на тренингот.

Популарниот „СМС“ живее блиску до спортскиот центар на Лацио и на тренингот дојде со електричен велосипед.

И „небесно-сините“ дознаа дека на 13 јуни, доколку нема позитивен на коронавирус, ќе ја продолжат сезоната во Серија А.

Дефинитивно на Лацио не му одговара предвремено завршување на сезоната, бидејќи се наоѓа во добра шанса за освојување на титулата. Односно до прекинот на шампионатот заостануваше само еден бод зад лидерот Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот