Со 5 распродадени концерти, заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија

Фото: Стефан Самандов

Со концертот во Струмица, успешно заврши концертната турнеја на „Фрајле“ во Македонија, со целосно распродадени концерти.

Имено, изминатата недела, женското трио „Фрајле“ одржа 5 концерти во 4 различни градови низ Македонија. Почнувајќи од Битола и Штип, па сè до Скопје и Струмица.

Фото: Стефан Самандов

Пеејќи песни од нивната Војводина, како и нивни авторски песни, македонски народни песни и поп-хитови, Јелена Буча, Невена Буча и Наташа Михајловиќ ја разиграа македонската публика, која беше на нозе повеќе од два часа и во еден глас ги пееше песните на „Фрајле“, а тие пак возвратија со енергичен настап и фантастична интерпретација, како што впрочем сме навикнати од нив.

„Фрајле“ уште еднаш покажаа како се доминира на сцената и докажаа зошто се автентични во секој поглед.

Она што остави најголем впечаток кај публиката буквално на сите концерти, дефинитивно беше изведбата на „Јовано Јованке“, а девојките не заборавија да го испочитуваат и нашиот Тоше Проески, пеејќи ја неговата песна „Во коси да ти спијам“.

Фото: Стефан Самандов

Со громогласен аплауз што траеше неколку минути и стоечки овации беа поздравени од присутните кога на публиката, со знаковен јазик ѝ порачаа: „Ако се обидат да ве скршат и да ве повредат, бидете силни и пејте, затоа што песната е лек за сите ваши грижи“.

По завршување на концертите, „Фрајле“ се дружеа со своите фанови, а љубителите на пишаниот збор имаа можност да ја купат автобиографијата на Јелена Буча со наслов „Како станав Фрајла“, каде што добија потпис лично од нив.

Фото: Стефан Самандов

Со оглед на тоа што интересот за нив после овие концерти е сè поголем, нема да се изненадиме ако ги видиме наскоро повторно кај нас. Бидете во исчекување на нови датуми.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот