Снимка која го шокираше светот: Постара жена намерно се искашла во лице на бебе (ВИДЕО)

Фото: Screensjot/YouTube

Оваа бизарна ситуација е снимена од надзорна камера во една продавница во Сан Хозе, во американската држава Калифорнија.

На снимката се гледа жена во 60-тите години како влегува во продавницата и застанува во ред. Покрај неа стоела мајка на едногодишно дете во бебешка количка, која старата жена ја предупредила дека не ја почитува социјалната дистанца. Тогаш 60 годишната жена ја соблекла маската, му се приближила на бебето и се искашлала неколку пати.

Полицијата ја објави снимката на Јутјуб со надеж дека некој ќе ја препознае и така тие ќе ја пронајдат осомничената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот