Смилковски: По двете воведни победи, не чувствуваме притисок за резултат

Кошаркарите на ТФТ атакуваат на „хет-трик“ во Првата македонска лига, нивни следен ривал е КК Куманово 2009/Фото: kfsm.mk

Четири натпревари од овој трет круг од натпреварите во Првата македонска лига се на распоредот на саботната програма. Останатите два ќе се играат во понеделник, секако, поради обврските кои во текот на оваа недела ги имаа нашите два претставници во АБА2 лигата, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.

Дуелот помеѓу двете екипи Куманово 2009 и ТФТ, кои и лани, но и оваа сезона, се македонските претставници во Балканската лига, но и „излегоа“ во Европа, ќе биде можеби и највозбудливиот во саботната програма. Со забелешка дека гостите од Скопје имаат максимален, а кумановци половичен ефект по двете досегашни рунди од шампионатот.

Тренерот на ТФТ, Боро Смилковски сака да ги искористи сите слабости на противникот евидентирани во изминатиот период:

– Нè очекува тежок натпревар во Куманово, натпревар кој ке го ресат деталите во играта. по поразот од Академија ФМП во рамки од БИБЛ лигата, Екипата на Куманово е под своевиден императив на победа, додека ние по остварените две воведни победи нè чувствуваме притисок за резултат, меѓутоа чувствуваме одговорност да бидеме најдобрата верзија на себе. Подготвени, фокусирани, со добра енергија и атмосфера во тимот идеме да го дадеме својот максимум – рече Смилковски.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

САБОТА:

18.00: МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.00: РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

19.00: КУМАНОВО 2009 – ТФТ
Сала „Перо Наков“ – Куманово

19.00: КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП
Сала „26.април“ – Гевгелија

ПОНЕДЕЛНИК:

11.30: ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
Сала „Јасмин“ – Кавадарци

Табела: Пелистер 4 бодови, ТФТ 4, Работнички 4, МЗТ Скопје Аеродром 3, МЗТ Скопје Уни Банка 3, Гостивар 3, Феникс 2010 3, Еуро Никел 2005 3, Навико ФМП Академија 2, Ангели 2, Кожув 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот