Смена и во белоруското КГБ: Лукашенко назначи нови шефови на три државни служби

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белорускиот претседател Александар Лукашенко назначи нови шефови на Комитетот на државна безбедност на Белорусија (КГБ), на нациоалниот Совет за безбедност и на Комитет за државна контрола, јави белоруската новинска агенција „Белта“.

Во извештајот се наведува дека новите шефови на службите се именува по протестите и демонстрациите што дојдоа како последица на оспорените резултати од неодамнешните претседателски избори во земјата.

Лукашенко е официјален победник на изборите што се организираа на 9 август, а по објавата на официјалните резултати започнаа протести со барања за оставка на старо-новиот претседател кој владее со поранешната советска република од 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот