Службеник од СВР-Штип барал луѓе да му плаќаат во кеш за пасоши, парите си ги ставал в џеб
Одделот за внатрешна контрола во МВР поднесе кривична пријава против М.С., кој работи како службеник во Одделот за граѓански работи во полицијата во Штип и е осомничен за проневера во службата.
Препорачано
„Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи во МВР, барал од истите да му дадат пари на рака при поднесување на барање за патна исправа, под изговор дека можноста за плаќање на пост терминалот со платежна картица во моментот не е во функција и дека е потребно да платат пари во кеш. Граѓаните на рака му давале пари во износ колку што чини услугата, а дадените пари подоцна пријавениот требало да ги уплати на жиро сметка на МВР, како и да изврши уплата за административна такса на жиро-сметка на Буџетот на РСМ, но пријавениот, иако ја завршил постапката и на граѓаните им издал лични документи-пасоши, во наведениот период не ги уплаќал доверените пари, туку ги присвоил за себе“, пишува во соопштението.
Одделот за внатрешна контрола ќе предложи против службеникот да се покрене дисциплинска постапка, а додека таа трае, тој да биде отстранет од работното место.
Среќата со туѓи пари не се купува: вработен во кладилница во Враништа се коцкал со прометот


