Слушам гласини дека сум сменета поради кандидатурата на брат ми, вели Нора Шаќири-Марковиќ

Нора Шаќири-Марковиќ во гостување на ТВ24 / 1 декември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Неодамна разрешената директорка на Театар Комедија, Нора Шаќири Марковиќ, вечерва на ТВ24 изјави дека била разрешена по анонимна пријава за мобинг и дека е извршена инспекција која донела записник во кој не можеле да дадат инспекциска мерка.

„Анонимниот точно ја раскажал целата приказна, Точно е дека водев три дисциплински постапки согласно законот. Спорната постапка е дека човекот кој беше казнет беше три дена отсутен од работа, немаше денови за користење и беше на одмор. Требаше да му дадам отказ, но комисијата реши да биде казнет со 30% од платата на шест месеци. Едната постапка е се уште во тек зошто човекот се жалеше и управниот одбор ќе донесе некаква одлука. Ниту јасм ниту брат ми Бени сме членови на таа партија. Од партијата нема да кажат дали е реваншизам“, рече Шаќири-Марковиќ.

Таа вели дека слушнала гласини оти е сменета поради тоа што нејзиниот брат се кандидирал за градоначалник на Град Скопје.

„Од она што го слушам во јавноста, е дека сепак е така и јас сум им благодарна што ми ја испорачаа фактурата заради кандидатурата на Бени, која е скапо платена“, рече Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот