Словенија нуди пет милиони евра субвенции за авио-компании за 2021 година
Словенечката влада нуди вкупно пет милиони евра субвенции за комерцијалните авиокомпании, кои ќе бидат подготвени да обезбедат најмалку две линии неделно за поврзување на Љубљана со другите големи европски аеродроми во 2021 година.
Препорачано
Заинтересираните авиопревозници мора да се пријават на јавниот повик што беше објавен вчера во Службен весник на Словенија, преку кој владата со финансиски стимуланси овозможува подобрување на воздухопловните врски на Словенија со ЕУ дестинации и трети одредишта надвор од Унијата.
Тие, исто така, се обидуваат да ги зачуваат редовните линии што сè уште се одржуваат или да ги обноват оние линии што ги откажаа авиокомпаниите поради последиците од ковид-19, пренесува агенцијата Хина.
Оние кои имаат линии со Словенија или имаат намера да отворат нови линии со словенечки аеродром имаат три рокови за аплицирање, во рамки на кои ќе им бидат доделени вкупно пет милиони евра: 1,5 милиони во првиот период, 2,3 милиони во вториот и 1,2 милиони евра во третиот рок, според хронолошкиот тек на летовите во текот на сезоната следната година. Оние што ќе се пријават за третиот рок, мора на пример, од 31 октомври до 31 декември следната година да имаат најмалку две редовни линии од една од поставените дестинации со Љубљана.


