Словенија и Холандија добија вајлд карти за настап на ракометното Светско првенство

Фото/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометните репрезентации на Словенија и на Холандија добија специјални покани за настап (вајлд карта) на Светското првенство што во јануари идната година ќе се одржи во Полска и во Шведска, одлучи Светската ракометна федерација (ИХФ).

Словенија и Холандија не успеаја да се пласираат на ракометниот Мундијал преку баражите губејќи од Србија и Португалија. Словенечките ракометари загубија на двата натпревари против Србија (31:34,20:23), додека Португалија беше поуспешна од Холанѓаните (33:30,28:35).

– По длабока анализа, Советот на ИХФ реши да им ги додели вајлд-картите на репрезентациите на Холандија и на Словенија. Холандија е една од репрезентациите со најголем напредок во последните години, потврдено со освоеното десетто место на ЕП 2022. Оваа селекција ќе учествува на своето прво СП уште од 1961 година, кога го освои 11. место. Втората вајлд-карта заминува во Словенија, за која ова ќе биде десетто учество на светските шампионати – соопшти ИХФ.

Ждрепката за одредувањето на групите ќе се одржи на 2 јули, Словенија и Холандија ќе бидат во последниот шешир, додека Македонија се наоѓа во вториот шешир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот