Словенците „газат“ кон полуфинале, Бомбач го потопи Исланд!
По „рецептот“ на Шпанија и Хрватска, и репрезентацијата на Словенија реди само победи на Европското ракометно првенство 2020.
Словенците денеска во првиот натпревар од главната фаза славеа и против селекцијата на Исланд со резултат 30:27 (15:14).
Најзаслужни за нивниот триумф беа голманот Ферлин кој имаше 15 одбрани, а Бомбач имаше девет погодоци.
Овој дуел го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
На спротивната страна за исландските „рибари“ шестпати во листата на стрелците се запиша Елисон.
На тој начин ракометарите предводени од Љубомир Врањеш така се наоѓаат на еден чекор од пласман во полуфиналето, во наредниот дуел в недела ќе се сретнат против Унгарија.
Во рамките од групата 2 која се игра во Малме ќе се одиграат уште два меча, од 18.15 часот Норвешка против Унгарија, а од 20.30 часот Португалија ќе се сретне со Шведска.