Словенците по дебаклот го шутнаа Врањеш

Љубомир Врањеш повеќе не е селектор на Словенија/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната федерација на Словенија му врачи отказ на селекторот Љубомир Врањеш по елиминацијата на репрезентацијата од Европското првенство.

Словенија не успеа да обезбеди пласман во главната фаза откако во директниот дуел за второто место загуби со 33:32 од Црна Гора иако ја имаше фаворитската улога.

Поради тоа, на денешната итна седница на Управниот одбор на Федерацијата е донесена одлука за смена на Врањеш.

Врањеш експресно најде ангажман и му се враќа на клупскиот ракомет бидејќи и до крајот на сезоната ќе седи на клупата на Рајн Некар Левен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот