Словачка доби нов премиер, ставен крај на политичката криза

Денес, претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, го назначи Едуард Хегер за нов премиер, со што стави крај на едномесечната политичка криза во таа земја.

Денес, претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, го назначи Едуард Хегер за нов премиер, со што стави крај на едномесечната политичка криза во таа земја.

Хегер ја презема премиерската функција од претседателот на неговата партија Игор Матовиќ, кој пак ја зазема поранешната позиција на Хегер во Министерството за финансии, пренесува Ројтерс.

Според Ројтерс, целта на оваа замена е да се смират коалициските спорови што избија по изненадувачката одлука на Матовиќ да ги купи руските вакцини „Спутник“ против вирусот корона во март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот