„Слободен печат“ започнува со летна програма, гледајте „Мое лето“
Додека некој се реласкира на одмор, се разладува во солена или во слатка вода, ужива во погледот кон морската шир или пие коктел, ние „засукавме ракави“ и и ова лето ќе работиме, со цел да ви ги направиме поубави топлите денови со нашата забавна програма. Ќе се обидеме да ви донесеме свежина во етерот со нашата нова емисија „Мое лето“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Политичари, функционери, професори, лекари, адвокати, звучни имиња кои сакате да ги гледате на екраните за важни прашања, ќе бидат наши гости, но овој пат од еден поинаков агол. Ќе ги запознаете во едно сосема поинакво светло, а ние ќе се потрудиме да дознаеме што е можно повеќе за нивната приватност од призма на летото. Ќе ги прашаме дали откако се на функција имаат време за одмор и летување, каде патуваат и кој им бил најубавиот одомор, ќе се навратиме на нивното детство и првите одмори кога биле деца.
Ви гарантираме добро поминато време на нашиот медиум. Ве каниме секој петок со почеток во 19 часот да бидете на јутјуб- каналот на „Слободен печат“ каде што ќе се емитува емисијата.
Првата епизода ќе биде овој петок, на 11 јули, со почеток во 19 часот.
Ве очекуваме на нашата платформа со вашето ценето присуство и добронамерните критики, совети и предлози за гости.
Низ емисијата „Мое лето“ ќе ве води Александра Вуксановиќ.


