„Слободен печат“ од Софија: Телата на загинатите сè уште не се стигнати на обдукција

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Екипата на „Слободен печат“ која во моментов сè уште е во Софија, во разговор со портпаролката на болницата дознава дека телата на загинатите лица се уште не се целосно испратени на обдукција. Пред болницата има членови од семејствата на загинатите, кои бараат одговори од јавните обвинители Љубомир Јовески и Вилма Рускоска.

Јовески и Рускоска велат дека немаат нови информации, тие сомневаат дека автобусот најпрвин удрил во оградата па се запалил, но овие информации уште се водат како шпекулации.

Од болницата на семејствата на загинатите им кажале да се вратат во Скопје, па оттаму да испратат ДНК анализи.

Портпаролката на болницата за „Слободен печат“ потврди дека меѓу преживеаните нема некој со повреди опасни по живот. Таа додаде дека до утре веќе нема да даваат информации околу жртвите.

ФОТО+ВИДЕО | ВО ЖИВО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот