„Слободен печат“ на терен: Една од девет аптеки има клексан

Image: 519950848, License: Royalty-free, Restrictions: Contributor country restriction: Worldwide, Worldwide. Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods. Contributor media restriction: {FBA22348-9868-4199-8212-E7687A3F9171}, {FBA22348-9868-4199-8212-E7687A3F9171}., Model Release: no, Credit line: Richard van der Spuy / Alamy / Alamy / Profimedia

„Слободен печат“ излезе на терен да го бара лекот клексан, против згрутчување на крвта. За оваа антикоагулантна терапија има голема побарувачка бидејќи се користи во третманот на болните од ковид 19.

Прашавме во 9 аптеки во регионот на Карпош, Центар, Ченто и Аеродром од истиот ланец, лекот го немаше во ниту една. Ни понудија заменски лек кој за 14 таблети чини 1.906 денари, но претходно не упатија да побараме мислење од специјалист дали таа терапија ќе одговара.  Единствено во една аптека имаше Клексан и тоа од 0.4 милилитри по цена од 250 денари за ампула и тоа во еден поголем трговски во строгиот центар на градот.

Министерството за здравство вчера го демантираше пратеникот Антонио Милошоски кој тврдеше дека лекот клексан не е на позитивната листа на лекови.

,,Клексанот е болнички лек. Лага е дека не е а позитивната листа. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице во присуство на лекар или медицинска сестра. Тој може да се купи и од аптека со рецепт препишан само од специјалист, а потоа парите ФЗО ги рефундира”, посочија од Министерството.

Поради пандемијата со ковид 19 потрошувачката на клексан е зголемена секаде во светот. Исто така и кај нас, оваа антикоагулантна терапија во последните месеци се трошела трипати повеќе од вообичаеното.

Министерството за здравство за „Слободен печат“: Нема недостиг на клексан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот