Министерството за здравство за „Слободен печат“: Нема недостиг на клексан

Министерството за здравство демантира дека лекот клексан не е на позитивната листа на лекови како што тоа на Фејсбук го тврди пратеникот Антонио Милошоски.

– Клексанот е болнички лек. Лага е дека лекот клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепт препишан само од специјалист, а потоа парите ФЗО РСМ ги рефундиравелат оттаму.

Поради ковид пандемијата зголемена е потрошувачката на клексан насекаде во светот, така и кај нас и тоа за три пати повеќе од вообичаеното користење на оваа антикоагулантска терапија.

– Од таа причина со месеци наназад компанијата која врши увоз на лекот резервираше поголеми количини и тие се дистрибурани до сите болнички установи. Во меѓувреме, онаму каде што требаше, се даваше друга форма на хепарин. Криза во смисла на недостаток на клексан нема, туку зголемена потрошувачка. Освен клексан постои и друга антикоагулантна терапија која е на позитивната болничка листа лекови и за истата ФЗО РСМ ги рефундира парите. Клексан и ксарелто се два различни лека, иако Милошоски од за него само познати причини ги пишува како еден лек – додаваат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот