Следен проект – шпагети вестерн! Квентин Тарантино доби награда за животно дело во Рим

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Квентин Тарантино доби награда за животно дело на Римскиот Филмски Фестивал, наградата му ја врачи италијанскиот легендарен режисер на хорор филмови Дарио Арџенто. Што е следно од легендарниот режисер? По сè изгледа – шпагети вестерн!

За време на опширниот говор при прифаќањето на наградата во Рим, Тарантино раскажуваше за своите влијанија, анегдоти од зад сцените на неговите филмови, како и неговата почит кон италијанската кинематографија.

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Во еден момент Тарантино беше запрашан дали би размислил да сними филм во Италија, конкретно во познатото римско студи „Cinecitta“, каде се снимени класиците, „Бен-Хур“, „Клеопатра“, „Животот е убав“ и поновиот „Англискиот Пациент“, на што Тарантино одговори ентузијастички.

„Би го сакал тоа. Знам дека жена ми би го сакала тоа. Тоа би било посебно и прекрасно, особено да снимам во „Cinecitta“. Морам да ја смислам правата приказна“, изјави Тарантино.

Квентин Тарантино
Фото: Квентин Тарантино и неговата сопруга на Римскиот Филмски Фестивал / Извор: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

 

Режисерот, како некој кој доаѓа од добата на 70-тите, се присетува како во 70-тите филмовите сè уште се прикажувале во кината, а во 80-тите биле издавани на видео касети.

„Големите шпагети вестерн филмови се одлични филмови. Има некаква оперативна грандиозност во нив. Тие беа поголеми од животот. Тоа е нештото број еден на кое реагирам од италијанската кинематографија“

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Иако не е сигурен кој ќе биде неговиот следен проект, режисерот разоткри дека ќе работи на некој елемент од шпагети вестерн во некој од неговите следни проекти.

„Имам една идеја. Не е мојот следен филм. Тоа е парче од нешто друго за кое рaзмислувам да го направам. Парче од едно нешто, во кое наводно има шпагети вестерн во него. Сакам да го снимам во шпагети вестерн стил во кој сите зборуваат различен јазик од нивниот мајчин јазик“, се насмеа Тарантино.

Квентин Тарантино
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Режисерот раскажа како неговиот прв избор за кој да ја игра улогата на Бил во „Kill Bill“ бил Ворен Бити, и како Џон Траволта инструментално ги смислил танц потезите од познатиот танц со Ума Турман во „Pulp Fiction“, кои иако биле кореографија, сепак многу идеи биле изнесени токму на самото снимање.

Видео на денот