EPA-EFE/JIJI PRESS

Славниот Миура ќе игра фудбал и на 59 години, пронајде нов клуб

Легендарниот јапонски напаѓач Казујоши Миура и на 58 години не покажува намера да стави крај на својата голема кариера и веќе најде нов клуб каде што ќе продолжи.

Миура ќе се приклучи на нисколигашот Фукшима Јунајтед, кој се натпреварува во локалната трета лига. Ова ќе му биде 41. сезона како професионален фудбалер, а на 26 февруари ќе наполни 59 години.

Минатата сезона ја помина во четвртолигашот Атлетико де Сузука.

Кариерата на Миура започна во 1986 година во бразилскиот Сантос, а подоцна настапуваше и во Италија, Австралија, Португалија и Хрватска. За јапонската репрезентација постигна 55 голови на 89 настапи, оставајќи неизбришлив белег во историјата на азискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот