фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Славниот Иниеста го доби првиот тренерски ангажман

Легендата на шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста и официјално започна ново поглавје по завршувањето на играчката кариера. Прославениот поранешен фудбалер на Барселона влезе во тренерските води и го доби првиот посериозен ангажман, откако потпиша договор со Гулф јунајтед од Обединетите Арапски Емирати.

Иниеста во изминатиот период беше дел од активностите и тренинзите на клубот, кој работи на амбициозен проект за развој на млади фудбалери, а сега и официјално ќе биде дел од стручниот штаб. Во клубот веруваат дека неговото огромно искуство и фудбалско знаење ќе придонесат за напредокот на тимот.

Шпанецот неодамна започна и со тренерска едукација, а ангажманот во ОАЕ треба да му помогне да стекне дополнително искуство пред евентуален предизвик во некоја од посилните европски лиги.

Иниеста стави крај на богатата играчка кариера во 2024 година, а сега за првпат и официјално ќе ја има улогата на тренер покрај аут-линијата.

ФОТО | Астон вила мораше да направи промена на дресот за финалето во Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот