Писателката на „Хари Потер“ открива техники за полесно дишење со кои тврди дека ја победила короната (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Славната писателка Џеј Кеј Роулинг, најпозната по тоа што го напиша серијалот „Хари Потер“, тврди дека го победила коронавирусот благодарение на техника која го олеснува дишењето.

Роулинг вели и дека никогаш не се тестирала за тоа дали е позитивна на Ковид 19, но и дека ги чувствувала сите симптоми.

„Во последните две недели ги чувствував сите симптоми на коронавирусот, а мојот лекар и сопруг ме советуваа да започнам да ја практикувам оваа техника на дишење, што навистина ми помогна“, напиша таа на социјалните мрежи и приложи видео во кое доктор од Квинс ја објаснува техниката.

Во видеото, докторот наведува дека е важно техниката да се примени што е можно поскоро, дури и ако не сте заразени.

– Пет пати вдишете длабоко. Држете го здивот пет секунди и на шестата длабоко закашлајте се и покријте ја устата со рака. Повторете го ова а потоа легнете на стомакот. Перницата нека биде пред вас. Дишете длабоко во наредните десет минути – вели докторот во видеото, објаснувајќи ја оваа техника за дишење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот