Славната Ла Масија станува само мит, децата на Реал продадени за четири пати повеќе од тие на Барселона

twitter/BBC Sport

Последниот податок покажува колку е уништен рејтингот на Барселона под водство на престедателот Хосеп Мариа Бертомеу.

До пред десетина години самото спомнување на славната фудбалска академија на Барселона, Ла Масија внесуваше страв кај противниците бидејќи речиси ниту една друга академија не исфрли токму добри фудбалери. Единствен кој може да и конкурира на Барселона е само фудбалската академија на Ајакс.

Барселона доминираше во Европа во последните 15-тина години во Европа и во Шпанија со играчи како Карлес Пујол, Лионел Меси, Чави, Андрес Иниеста, Жерар Пике, Серхио Бускетс, Виктор Валдес, Педро и тие на најдобав начин ја презентираа филозофијата на Ла Масија и освојуваа трофеи.


Паралелно со популаризацијата на Ла Масија, најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид од друга страна постојано фрлаше тешки милиони и купуваше фудбалери само за да се обиде да ја запре доминацијата на ривалот од Каталонија.

Првиот обид на Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез да наметнат свој стил и да ја урнат доминацијата на Барселона беше со Жозе Мурињо, но тоа и беше најголемата грешка. Мурињо иако успеа со Интер да ја урне Барселона во ЛШ, е познат како тренер кој сака готов производ, а не да го создава па дури успеа од Реал да ги избрка клупските легенди Раул, Касиљас и Гути кои се продукт од „кралската“ академија, додека останатите фудбалеркако Начо Фернандез, Алваро Мората, Давид Матеос, Хуанфран, Пабло Сарабија, Хесе, Денис Черишев кои исто така потекнуваат од академијата на Реал Мадрид, но ретко добиваа шанса.

Алваро Мората

Со заминувањето на Мурињо и доаѓањето на Карло Анчелоти за тренер работите полека се менуваат, Дани Карвахал, Алваро Мората,, Начо Фернандез, Хесе Родригез станаа дел од првиот тим на Реал Мадрид, а дојдоа и трофеите, освоена е Лигата на шампионите.

Претседателот Флорентино Перез во тие моменти сфаќа дека нема потреба постојано да фрла пари и да купува играчи туку може да ја искористи својата академија и притоа да заработи.

Зинедин Зидан кој го наследи Анчелоти на клупата, дојде од вториот тим на Реал и знаеше каков „материјал“ има таму и поради тоа редовно им даваше шанса на младите фудбалери, додека Барселона ја запостави Ла Масија и се ориентира кон купување на скапи фудбалски промашувања како Фелипе Кутињо, Осман Дембеле, Арда Туран, Антоан Гризман за кои се фрлени нешто повеќе од 400 милиони евра.

За разлика од Барселона, Реал почна да продава, а последен играч кој направи трансфер е Ашраф Хакими кој за сума од 40 милиони евра потпиша за Интер иако во последните две години играше како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд.
Реал Мадрид со доаѓањето на Зинедин Зидан со продажба на фудбалери кои потекнуваат од сопствената академија инскасира 228.5 милиони евра во последните четири години додека Барселона од играчите кои потекнуваат од Ла Масија инкасира само 55.5 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот