Скулптура - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Скулптурата стара 3.500 години која беше украдена и изнесена од земјата, повторно ќе се врати во Египет

Холандскиот премиер Дик Шоф денеска, за време на посетата на Египет, каде се сретна со претседателот Абдел Фатах ел Сиси, изјави дека Холандија ќе ѝ ја врати на Египет украдената скулптура стара 3.500 години, која се појавила на холандски саем за уметност.

Се верува дека артефактот, кој претставува висок официјален функционер од периодот на владеење на фараонот Тутмос трети, од 1479. до 1425. година пред новата ера, бил украден и нелегално извезен, најверојатно во 2011 година, за време на бранот протести во претежно арапските земји, по што се појавил на меѓународниот пазар на уметност, пренесува „Ројтерс“.

Шоф изјави дека станува збор за „историски културен артефакт конфискуван на холандски саем за уметност“ во Маастрихт во 2022 година, откако некој анонимно го пријавил кај властите за неговото нелегално потекло.

Истражувањето на холандската полиција и инспекторатот за културно наследство потврдило дека скулптурата била ограбена и незаконски изнесена од Египет, а трговецот потоа доброволно ја предал по завршувањето на истрагата.

Холандската влада соопшти дека очекува артефактот да биде предаден на египетскиот амбасадор во Холандија до крајот на оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот