
Скривниците можат да заштитат само десетина од населението, но и толку под услов најпрво да се оспособат
Во услови на мир, засолништата покрај основната намена за која се изградени, можат да се користат и за други намени, на пример да се спроведува обука, едукација или тренинг во областа на заштитата и спасувањето и за извршување други дејности врз основа на договор за закуп. И покрај запишаното во Уредбата, скопјани досега не слушнале дека во некое засолниште се спроведува обука или тренинг, затоа што во голем дел од нив не може ни да се влезе.
Дирекцијата за заштита и спасување планира етапно да ги реконструира сите засолништа што ѝ се доделени од Владата. Истовремено, како што велат оттаму, се контактира со Владата за обезбедување финансиски средства за континуирано одржување, но и за оспособување на засолништата каде што е потребна нивна реконструкција.
Препорачано
Ова е одговорот од ДЗС на прашањето во каква состојба се скривниците и дали во однос на итна потреба, граѓаните можат да се засолнат во нив. Прецизен одговор нема, но самата најава дека засолништата ќе се обновуваат, говори за нивната лоша состојба, за што беше посочено и во последниот ревизорски извештај.
Ревизорите утврдија дека ДЗС не врши тековно и инвестициско одржување на засолништата, дека поголемиот дел се неупотребливи, во дел не може да се влезе, дел се претворени во диви депонии, а оние ретките што располагаат со некаква опрема немаат струја, вода, ниту функционални тоалети.
Одговорното лице во ДЗС да преземе мерки и активности за подобрување на состојбата со засолништата, нивно целосно ставање во функција, како и тековно одржување и грижа за нив – препорачаа ревизорите.
Во државава има вкупно 1761 заштитен објект со вкупен капацитет од 185.465 места. Значи во нив можат да се засолни нешто повеќе од десетина од вкупното население. Пред 20 години, поточно во 2005 година, во надлежност на Дирекцијата Владата додели 101 засолниште, од кои 16 во Скопје. Пет години подоцна беше донесена и Уредба за начинот на изградба на јавните засолништа и одржувањето и користењето на веќе изградените засолништа и другите заштитни објекти и определување на потребниот број засолнишни места.
Изградените засолништа и другите заштитни објекти се одржуваат во исправна состојба со тековно и инвестициско одржување. Тековното и инвестициско одржување се презема врз основа на техничкиот преглед на засолништата и другите заштитни објекти. Начинот на извршување на работите за тековното и инвестициско одржување на засолништата и на другите заштитни објекти се врши според нормативите и стандардите за заштита и спасување – се наведува во Уредбата.
Тековното одржување, како што е прецизирано во овој документ, се врши со тримесечни прегледи, при кои се прави проверка на комплетноста и на исправноста на засолништата и на другите заштитни објекти.
Шестмесечниот преглед ги опфаќа активностите од тримесечниот преглед, со тоа што се извршува и детално чистење и подмачкување на подвижните делови од заштитата и опремата, како и подмачкување со глицерин на сите гумени заптивки во вентилите, манжетните од инсталацијата и филтро-вентилациските уреди. Годишниот преглед ги опфаќа сите активности од тримесечниот и шестмесечниот преглед и се врши измена на елементи, позиции што не се во согласност со нормите и условите што треба да ги исполнуваат, како и мерење на сите елементи вградени во засолништето, контрола на конструкцијата, средствата за затворање, опремата за престој и електричната инсталација – одредува оваа Уредба.
Доколку засолништето е дадено под закуп, тековното одржување го врши закупецот, а контролата ја спроведува ДЗС.
Скривниците кријат само ѓубре и негрижа, во нив човек не може да се засолни
Во услови на мир, засолништата покрај основната намена за која се изградени, можат да се користат и за други намени, на пример да се спроведува обука, едукација или тренинг во областа на заштитата и спасувањето и за извршување други дејности врз основа на договор за закуп. И покрај запишаното во Уредбата, скопјани досега не слушнале дека во некое засолниште се спроведува обука или тренинг, затоа што во голем дел од нив не може ни да се влезе, а уште помалку пак да се спроведе некаква обука од областа на заштитата и спасувањето.
Во член 25 од Уредбата е прецизирано и дека вкупниот број засолнишни места во Македонија што по потреба утврдена со закон и во согласност со плановите за заштита и спасување можат едновремено да се стават во функција, треба да овозможат засолнување на најмалку 30 отсто од населението. Ова говори дека во моментов во Скопје и во државата, постојните засолништа и заштитни објекти и доколку се реновираат и се оспособат, се далеку од потребната бројка за да одговорат на овој процент.
Во случај за користење засолништа, има Уредба за спроведување на засолнувањето (Сл. весник на РМ бр. 93/05) кое се остварува во рамките на единствениот систем за заштита и спасување. Обврска за планирање, подготвување активности за спроведување на засолнувањето имаат органите на државната управа, органите на општините, односно на градот Скопје, јавните претпријатија, установите и службите и трговските друштва – објаснуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.