Скопските угостители ќе имаат посебни отпадни контејнери и советник во кабинетот на Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека се сретнал со преставници од угостителскиот сектор со кои бил постигнат договор околу поставувањето контејнери, наплатата за собирање на отпадот, а додаде и дека бил одреден посебен советник за угостители.
Препорачано
„Го враќаме ноќниот живот во Скопје, но истовремено го враќаме и редот. Ова е заедничка обврска кон граѓаните“, нагласи градоначалникот.
Ѓорѓиевски соопшти дека секој угостителски објект ќе треба да обезбеди сопствени контејнери за отпад и секој локал ќе добие посебен тарифник и термини за собирање на отпад.
Исто така, на оваа средба, Драган Арсовски бил назначен и посебен советник на градоначалникот задолжен за секојдневна комуникација меѓу угостителите и Градот.
Дополнително, договорено е до 15 јануари угостителите да ги достават елаборатите за користење на урбаната опрема за да се знае колкав надворешен простор користат угостителите, што изминатите години беше навистина голем проблем кој тогашната гарнитура во Град Скопје не го регулираше и не вршеше наплата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
4мин
-
31мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


